Дома Останати Ракомет Спектакуларниот цепелин на Митревски и Манасков кој ја крена цела сала на нозе (Видео)

Спектакуларниот цепелин на Митревски и Манасков кој ја крена цела сала на нозе (Видео)

Македонскиот шампион Пелистер одигра одличен натпревар и му пружи сериозен отпор на европскиот гигант Барселона, иако на крајот загуби со 30:34. Дуелот во Битола ќе остане запаметен не само по резултатот, туку и по фантастичната акција на „зелено-белите“.

Голманот Никола Митревски со прецизен пас го пронајде Дејан Манасков, кој спектакуларно „полета“ и од речиси невозможен агол успеа да погоди.

Оваа маестрална акција на битолчани веќе предизвикува големо внимание и речиси извесно е дека ќе се најде меѓу најубавите потези на неделата во елитното натпреварување, ако не и на самиот врв на листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров: Никој не може да ми го оспори тоа што го направив за македонскиот ракомет

Тренерот на Алкалоид и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е…