Дома Фудбал Неверојатна статистика: Роналдо во две години заработи повеќе од Ѓоковиќ, Федерер и Надал за цела кариера!

Неверојатна статистика: Роналдо во две години заработи повеќе од Ѓоковиќ, Федерер и Надал за цела кариера!

Кристијано Роналдо продолжува да ги преминува границите, не само на спортските терени, туку и во однос на заработката.

Португалската ѕвезда во последниве две години оствари неверојатни 451 милион евра само од фудбалски договори, што е сума која ја надминува вкупната заработка на тројцата најголеми тенисери во историјата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роже Федерер за време на своите кариера заработија вкупно 417 милиони евра од наградите на тениските турнири.

Додека Ѓоковиќ, Надал и Федерер со децении ги градеа своите легендарни кариери, освојувајќи гренд слемови и рушејќи рекорди, Роналдо за само две години во Саудиска Арабија заработи повеќе од нив тројцата заедно – благодарение на огромните договори на фудбалскиот пазар.

Оваа разлика покажува колку астрономски станале краткорочните приходи во фудбалот, додека најуспешните спортски ѕвезди од други дисциплини остануваат значително назад кога се споредуваат чистите приходи од професионални договори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренирал со Роналдо и Пјаниќ, денес на 26 години работи на градежништво: „Не се срамам“

Ќендрим Камерај е роден во Луцерн (Швајцарија), но потекнува од Косово. Играл за сите млад…