Дома Фудбал Собослај го спречи “магичниот” Роналдо да ја однесе Португалија на Светското првенство!

Собослај го спречи “магичниот” Роналдо да ја однесе Португалија на Светското првенство!

Фудбалерите на Португалија и Унгарија одиграа нерешено, 2:2, во возбудлив натпревар од групата Ф од квалификациите за Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалците беа на минута од тоа да го потврдат својот пласман на Светското првенство, но Доминик Собошлај, со гол во 91-та минута донесе бод на својата екипа и ѝ остави на Унгарија барем теоретски шанси да стигне до првото место во групата, затоа што Португалија има пет бодови повеќе два круга пред крајот на натпреварувањето.

Унгарија поведе со голот на Атил Салај во деветтата минута, а Кристијано Роналдо, кој вечерва стана рекордер по бројот на голови во квалификациите за Светското првенство, со голови во 22-та и третата минута од судиското продолжение на првиот дел го претвори резултатот.

И кога се чинеше дека домаќините ќе слават во Лисабон, се појави Собошлај и израмни на 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавени детали: Дали Инфантино планираше да создаде Суперлига на ФИФА?

Меморандумот од октомври 2020 година покажува дека се разгледувало натпреварување со 15 по…