Дома Фудбал Ништо од Конате, целта е – Упамекано?

Ништо од Конате, целта е – Упамекано?

Реал Мадрид следи голем број стопери, а наводно сега Дајо Упамекано е пред Ибрахима Конате.

Шпанските медиуми открија денеска дека Реал Мадрид го „олади“ својот интерес за Конате, но се насочи кон другиот Французин – Упамекано, кој исто така е во последната година од договорот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Упамекано исто така не напредува во преговорите со Баерн Минхен, во последната година е од договорот, а тоа сака да го искористи Реал Мадрид.

За разлика од Баерн Минхен, Реал Мадрид е подготвен да му плати на Упамекано бонус од 20 милиони евра за потпис, така што ќе успее да го убеди Французинот.

Да потсетиме, Давид Алаба и Антонио Ридигер се во последната година од договорот во Мадрид и во јуни ќе го напуштат Реал Мадрид. Поради тоа, Флорентино Перез внимателно ја следи ситуацијата на пазарот, а Упамекано сега е приоритет за Реал Мадрид.

Французинот пристигна во Баерн летото 2021 година од РБ Лајпциг за 42,5 милиони евра, а клубот од Минхен нема лесно да се откаже од обновување на договорот со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ирска е подобра во меѓусебните дуели, но Македонија двапати ја спречила да игра на големи натпреварувања!

Иако традицијата вели дека Ирците имаат подобар биланс во меѓусебните пресметки, споменот …