Дома Фудбал Вистински хит се во светот, ќе бидат најмала држава која заиграла на Мундијал, а фудбалери бараат преку – „Линкдин“!

Вистински хит се во светот, ќе бидат најмала држава која заиграла на Мундијал, а фудбалери бараат преку – „Линкдин“!

По првото историско учество на фудбалерите од Зелено’ртските Острови на Светското првенство, започнаа да излегуваат на виделина фасцинантни приказни за функционирањето на фудбалот на овој архипелаг сред Атлантикот.

Зелено’ртските Острови го освоија вниманието на неутралните фанови ширум светот со тоа што си обезбедија директен пласман на Светското првенство освојувајќи ја групата во Африка.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Фактот дека за последниот натпревар картите не се продаваа онлајн, туку во пекари и бензински станици, говори за нивото на фудбалската организација во оваа држава.

Но, најинтересната приказна допрва излезе на виделина. Наиме, еден од фудбалерите кои играат за нивната репрезентација бил ангажиран преку LinkedIn.

Станува збор за Роберто Пико Лопес, дефанзивец со ирско потекло, кој долго игра за Shamrock Роверс, а сега е важен дел од тимот на Зелено’ртските Острови.

Фудбалската федерација на Зелено’ртските Острови го покани да учествува преку порака на LinkedIn, бидејќи откриле дека има корени од овој регион.

Таткото му е од Зелено’ртските Острови, а мајка му е Иркиња. Ако настапи на следното Светско првенство, тој ќе биде првиот играч кој на ваков начин стигнал до настап на мундијалот.

Федерацијата го контактирала Лопес на португалски, но тој не разбрал ништо и мислел дека е шега. На крајот, кога добил порака на англиски, веднаш се согласил да игра за татковината на својот татко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…