Дома Фудбал Навивачите бесни на ѕвездата на Премиер лигата од 66 милиони евра

Навивачите бесни на ѕвездата на Премиер лигата од 66 милиони евра

Шведската фудбалска репрезентација, 32. на листата на ФИФА, доживеа комплетен колапс во актуелните европски квалификации за пласман на Светското првенство следната година и е на самото дно на групата Б. Во четири натпревари Швеѓаните еднаш ремизираа и трипати загубија. Многу пред нив се Швајцарија со десет и Косово со седум бодови, додека претпоследната Словенија има три бода.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најсилните алки на Шведска требаше да бидат напаѓачите Александар Исак и Виктор Ѓокерес, фудбалери кои летово направија мегаломански трансфери. Исак премина од Њукасл во Ливерпул (145 милиони евра), а Ѓокерес од Спортинг во Арсенал (66 милиони евра). Иако ретки се светските репрезентации кои можат да се пофалат со таков напаѓачки двоец, Шведска на четири квалификациски натпревари постигна само два гола.

Во понеделникот, Шведска загуби на домашен терен во Гетеборг против Косово со 0:1. “Ужасен резултат и овие квалификации не убиваат. Ништо не функционираше. Примаме евтини голови, а самите очигледно сме заборавиле како се постигнуваат голови. Многу нè боли новиот пораз”, се обиде да ги пронајде зборовите во коментарот за поразот шведскиот селектор Јон Дал Томасон.

Шведските навивачи се огорчени од игрите и резултатите на репрезентацијата, а посебно се гневни на Виктор Ѓокерес за кого многумина од нив наведуваат дека е “играч помалку на теренот”. Многу други советуваат стручниот штаб да го отстрани од тимот и да ја зајакне одбраната со еден играч или да го замени со офанзивен среден играч или крилен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паѓа уште еден скап потпис: Арсенал добива еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата

Успехот на Арсенал во Премиер Лигата оваа сезона е одраз на добрата работа што ја вршат Ми…