Дома Фудбал Вујовиќ со порака до Србите: Игрете во Лесковац бидејќи на друго место не смеете ни да се појавите

Вујовиќ со порака до Србите: Игрете во Лесковац бидејќи на друго место не смеете ни да се појавите

Фудбалската репрезентација на Србија изгуби минатата сабота од Албанија во Лесковац со 0:1. Овој пораз ја потисна Албанија на второто место во групата, а Србија остана на третото, кое не води дури ни во дополнителните квалификации. По натпреварот во Лесковац, српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси понуди оставка, а на крајот и Фудбалската федерација на Србија го разреши од должностите. Оставката ја коментираше Веселин Вујовиќ, некогашен славен ракометар, а денес селектор на ракометната репрезентација на Катар.

„Стојковиќ изјави дека е одговорен човек и дека на тие луѓе на федерацијата им понудил оставка. На кои луѓе? На тие кои би требало пред него да поднесат оставки, на тие кои не го поставија. Оставка не се нуди, туку се дава. Но ти ни за тоа немаш храброст, мачениче.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Успеа да го направиш невозможното, да излезеш од легендата, и тоа на каков начин. Ја водите репрезентацијата да игра во Лесковац, на такво игралиште, бидејќи не смеете на друго место да се појавите.

Го намалувате тонот за да не се чуе што ви скандираат народот, а истиот тој народ, кој го доведовте и плативте, го изразува мислењето и незадоволството на цела Србија”, напиша Вујовиќ во статус на Фејсбук кој го пренесоа бројни српски и други регионални медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Апсурд: Најслабиот тим во Европа може да се најде на бараж за Светско Првенство 2026

Сан Марино, убедливо најслабиот национален тим во европските квалификации, неочекувано се …