Дома Останати Тенис Oткриена порака од шест недели пред турнирот: Тенисерот кој беше сензација во Шангај како да знаел што следи!

Oткриена порака од шест недели пред турнирот: Тенисерот кој беше сензација во Шангај како да знаел што следи!

Во Шангај, изминативе десетина дена беше создадена една од најубавите тениски приказни на оваа деценија. Валентин Вашеро, млад човек кој го започна турнирот како 204. тенисер на светот, го заокружи со победа и титула.

Вашеро стана најнискоранираниот освојувач на мастерс титула во историјата, и тоа откако пристигна во Шангај со мала надеж дека воопшто ќе добие можност да се натпреварува во квалификациите. Неопходно беше девет играчи да се повлечат за да момчето од Монако има шанса во главната ждрепка.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Токму тоа и се случи, по што започна неверојатна победнички низа. Вашеро ги победи Басавареди, Драксл, Ѓере, Бублик, Махач, Грикспор, Рун и Новак Ѓоковиќ. Победата во финалето над Артур Риндеркнеш, кој му е братучед и негов инспиратор да започне со тенис, беше своевиден шлаг на тортата.

“Ова значи сè за мене. Секогаш сум размислувал за сите тешки моменти во мојата кариера, иако таа е сè уште кратка – ова ми е само четврта сезона. Сепак, не беше лесно. Се потсетив на целиот труд што го вложив уште од почетокот, откако се заљубив во тенисот. Благодарен сум на сите кои макар малку придонесоа за да бидам тука денес”, изјави Вашеро и додаде:

“Сето ова што се случи денес е нешто неверојатно, не можам ни да поверувам. Особено затоа што го играв овој меч против Артур, мојот роднина. За жал, може да постои само еден победник, но мислам дека би било праведно ако достигнуваше двајца денес. Но во секој случај, целото семејство победи денес. Мислам дека победија и спортот и тенисот. Зашто она што го напишавме оваа недела е нешто невидено – и никој тоа никогаш нема да ни го одземе. Едноставно – целосно лудо.”

Само шест недели пред почетокот на турнирот во Шангај, Вашеро на својот пријател му испрати порака со следната содржина: “Ќе се обидам во квалификациите во Шангај, некоја чудесна серија може да почне секој момент.”

И така беше, а за 26-годишниот Вашеро перспективата целосно се промени. Сега е 40. тенисер на светот, а за победата во Шангај беше награден со 1.124.380 долари, двојно повеќе отколку што заработи во целата кариера до клучниот турнир во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тениска бајка: 204-от тенисер на светот го освои Шангај

Валентин Вашро заокружи еден од најневеројатните настапи во историјата на тенисот, станува…