Дома Фудбал УЕФА го менува формататот за светските и европските првенства?!

УЕФА го менува формататот за светските и европските првенства?!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) размислува за воведување на нов квалификациски систем за Светското и Европското првенство со цел да се спротивстави на слабиот интерес на навивачите, објави The Times.

УЕФА планира да примени систем што веќе се користи во Лигата на шампионите и другите европски клупски натпреварувања, што значи лига без повеке групи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се смета дека лигашкиот формат е поинтересен за сите тимови, бидејќи тоа овозможува на секоја селекција да игра против осум различни противници.

Генералните секретари на 55 европски сојузи веќе присуствуваа на состанок во Малага, каде што им беше претставена можната промена како и позитивните и негативните аспекти на новиот квалификациски систем.

Сегашниот квалификациски процес за Светското првенство предвидува европските земји да се поделат во групи од четири или пет држави, каде што секоја земја игра по два натпревари со секоја.

Исто така, во извештајот се истакнува дека е зголемен интересот на телевизиските куќи за натпреварите во Лигата на нациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бившиот претседател на Ајачио убиен на погребот на својата мајка

Бившиот нацистички лидер од Корзика и поранешен претседател на фудбалскиот клуб Ајачио, Ал…