Дома Фудбал Манчестер Јунајтед и Тотенхем во трка за данскиот “дијамант” вреден 80 милиони евра

Манчестер Јунајтед и Тотенхем во трка за данскиот “дијамант” вреден 80 милиони евра

Данскиот играч за врска Мортен Хјулманд се наоѓа на радарот на два англиски клуба – Манчестер Јунајтед и Тотенхем Хотспур.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите од шпанскиот портал Фичајес, Манчестер Јунајтед и Тотенхем ја разгледуваат можноста за доведување на 25-годишниот фудбалер кој моментално игра за Спортинг од Лисабон.

Хјулманд оваа сезона е еден од најконзистентните играчи во португалската лига. Неговите настапи во средниот ред, особено во дефанзивните задачи, го привлекоа вниманието на скаути од Премиер лигата.

Спортинг е свесен за интересот од Англија, но во моментов не покажува намера да преговара. Хјулманд има договор до 2028 година, а во него постои клаузула за откуп која се проценува на околу 80 милиони евра. Клубот од Лисабон смета дека евентуалната продажба треба да вклучува сума блиска до тој лимит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …