
Фудбалерите на Интер Мајами победија како домаќини Атланта Јунајтед со резултат 4:0, а најдобар на теренот повторно беше – Лионел Меси.
Аргентинецот постигна два гола и асистираше за Жорди Алба, додека четвртиот погодок го постигна – Луис Суарез.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во 39. минута, Меси со својот стил лесно ја испрати топката во малиот дел на мрежата од работ на шеснаесетникот.
Во 52. минута, Меси испрати одлична долга топка од својата половина, голманот лошо го процени летот и остана точно на половина пат, овозможувајќи му на Жорди Алба лесен лоб удар за лесни 2:0.
И потоа во 61. минута, Луис Суарез постигна спектакуларен гол, фати волеј и од 16 метри ја испрати под пречката за 3:0.
На крајот, Меси во 87. минута постигна втор погодок, Алба му се реваншираше со асистенција, исто така со долга топка зад одбраната, а Аргентинецот ја прими на градни и ја испрати во далечниот агол за конечни 4:0.
Инаку, неверојатниот Меси синоќа достигна до импресивни 45 гола и асистенции, со 26 постигнати погодоци и дури 19 асистенции, при што е далеку најдобар во МЛС лигата по бројки.
.