
Новак Ѓоковиќ не сакаше повредата да му биде причина за поразот од Валентин Вашеро во полуфиналето на мастерсот во Шангај.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Беше очигледно дека Ѓоковиќ има проблеми со левата нога, неговата подвижност беше значително ограничена, а побара и медицински тајм-аут.
Меѓутоа, кога новинарите го прашаа за неговата физичка состојба, кратко одговори:
„Следно прашање, ве молам“.
Новак очигледно не сакаше да користи оправдување за поразот од Вашеро, 204-тиот тенисер во светот, со резултат 6:3, 6:4.
„Сакам да му честитам на Валентин за пласманот во неговото прво финале на мастерс. Да се дојде до таму од квалификациите е неверојатна приказна. Му кажав на мрежата дека одигра фантастичен турнир, но уште повеќе дека неговиот став беше одличен. Играта исто така му беше извонредна. Сето тоа е негова заслуга. Му посакувам сѐ најдобро во финалето, а денес победи подобриот играч“, изјави Ѓоковиќ по својот 80. настап во полуфинале на еден мастерс турнир.
Вашеро, моментално на 204. позиција во светот, и стана тенисерот со најнизок ранг кој ќе игра финале на мастерс во историјата, а сега се предвидува дека ќе се искачи на 58. место.