Дома Останати Тенис Тенисерот кој го шокираше Ѓоковиќ во еден момент се изгубил: Еве што изјави прво по својата најголема победа!

Тенисерот кој го шокираше Ѓоковиќ во еден момент се изгубил: Еве што изјави прво по својата најголема победа!

Валентин Вашеро, моментално рангиран на 204-то место во светот, успеа да влезе во историјата како најслабо рангиран финалист на мастерс турнир.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во полуфиналниот дуел, Вашеро направи сензација со тоа што го совлада Новак Ѓоковиќ со 6:3, 6:4, при што Ѓоковиќ играше повреден.

„Фактот дека го победив сè уште ми е нејасен, не можам да го искажам со зборови, навистина е лудо. Така е, лудо е вистинскиот збор. Прво, да играм против него е неверојатно искуство. Мислам дека многу можам да научам од овој меч, и од него, и од себе“, изјави 26-годишниот Вашеро и додаде:

„Малкумина посакуваа моја победа, бидејќи Новак овде е многу почитуван. Освои четири титули, ако не грешам – малку се изгубив кога ги набројуваа неговите титули при презентацијата пред натпреварот“.

Вашеро моментално се предвидува да стигне до 58 позиција, а доколку победи во неделното финале – против Медведев или Риндеркнеш – ќе влезе во топ 40 на светската листа за првпат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Објавена новата АТП листа: Еве на кое место се наоѓа Новак Ѓоковиќ по Вимблдон

Двократниот освојувач на Вимблдон, Италијанецот Јаник Синер, со победата во финалето проти…