Дома Останати Тенис Погледнете ја неговата реакција: Вашеро и самиот не можеше да си поверува дека го победил Ѓоковиќ (Видео)

Погледнете ја неговата реакција: Вашеро и самиот не можеше да си поверува дека го победил Ѓоковиќ (Видео)

Тенисерот од Монако, Валентин Вашеро, кој се наоѓа на 204. место на АТП-листата, приреди вистинско чудо на Мастерсот во Шангај, елиминирајќи го Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.

Вашеро, кој првично пристигна на турнирот како резерва, доби шанса да настапи во квалификациите, успешно ги мина сите пречки и стигна до своето прво големо финале во кариерата.

Победата над Ѓоковиќ без сомнение е најголемиот момент во неговата кариера досега, а неговата неверица беше очигледна – по мечот, пред поздравот на мрежата, со погледот вперен во Новак, како да се обидуваше да сфати што навистина направи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…