Дома Останати Тенис Нема финале за Ѓоковиќ: Загуби од 204. тенисер во светот!

Нема финале за Ѓоковиќ: Загуби од 204. тенисер во светот!

Новак Ѓоковиќ доживеа изненадувачки пораз во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, каде што беше поразен од тенисерот од Монако, Валентин Вашеро, кој моментално се наоѓа на 204-то место во светската рангира.

Вашеро успеа да слави со 2:0 во сетови (6:3, 6:4), нанесувајќи тежок пораз на Ѓоковиќ, кој во текот на мечот неколку пати се жалеше на повреди и доби медицинска помош пред крајот на првиот сет.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ѓоковиќ едвај стоеше на нозе во бројни моменти и постојано се жалеше на повреди но тоа не го поколеба Вашеро, кој ја оствари најголема победа во неговата кариера.

Мечот започна со брејк од Ѓоковиќ уште во првиот гејм, меѓутоа Ващеро веднаш возврати и изедначи на 1:1.

Клучниот момент во првиот сет се случи во осмиот гејм, кога Ващеро направи нов брејк и дојде до водство од 5:3, а потоа со успешен сервис го затвори сетот со 6:3.

Вториот сет започна со маратонски гем на сервисот на Ѓоковиќ, кој иако едвај стоеше, успеа да го добие и поведе со 1:0 после повеќе од десет минути игра.

Продолжи епската борба во вториот сет со долги гемови, а клучниот брејк го направи Ващеро во деветиот гем, со што поведе со 5:4. Со тоа, сервираше за меч и извојува победа!

Во другото полуфинале денес се среќаваат Данил Медведев и Артур Риндернеш. Победникот од овој дуел ќе биде противник на Ващеро во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…