Дома Фудбал Натпреварот во кој голманот прими бизарен гол во квалификациите за СП бил наместен? (Видео)

Натпреварот во кој голманот прими бизарен гол во квалификациите за СП бил наместен? (Видео)

Голманот на либиската репрезентација Мурат Ал-Вухиши е осомничен дека со своја грешка помагнал во конечниот резултат од квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фудбалската федерација на Либија започнала истрага против голманот на националниот тим, 28-годишниот Мурат Ал-Вухиши, откако беше одигран натпреварот со Зеленортските Острови во африканските квалификации за следниот Мундијал, кој ќе се одржи идната година во Канада, САД и Мексико.

Натпреварот се одигра на 8 октомври и заврши нерешено 3:3.

Либија водеше со 3:1 кога во 76. минута, Ал-Вухиши реагираше на необјаснив начин и дозволи топката, која беше упатена речиси од средината на терен, да помине низ неговите нозе и да заврши во голот.

Тимот Либија прими уште еден гол до крајот на натпреварот и остана без победа. Разочарани од ваквото сценарио, раководството на ФФ Либија покрена истрага.

Ал-Вухиши се сметаше за искусен и сигурен голман, и ова му беше 21. натпревар во дресот на репрезентацијата. Тој е член на либискиот клуб Ал Ахли од Бенгази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…