Репрезентацијата на Италија вечерва на домашен терен ќе го одигра реванш натпреварот против Шведска за пласман на СП во Русија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сигурно вечерва на „Сан Сиро“ не очекува спектакуларен меч бидејќи, Шведска славеше со 1:0 во првиот меч. На Италијаните им се заканува можност да го пропуштат Мундијалот, што ги запали сите можни аларми на Апенините.
Голема еуфорија владее во Италија, јасно е дека „Аѕурите“ ќе имаат голема поддршка од своите навивачи. Промените во состабот ги најави Вентура веднаш по поразот во Шведска и јасно е дека ќе се игра доста офанзивно. Сепак, и според најавите, стратегот успеа да ја изненади италијанската јавност со стартниот состав.
Италија: Буфон, Барзагли, Бонучи, Киелини, Дармиан, Пароло, Жоргињо, Флоренци, Кандрева, Габиадини, Имобиле
Клупа: Голини, Перин, Астори, Белоти, Едер, Бернардеши, Инсиње, Ругани, Запакоста, Ел Шарави, Де Роси
Шведска: Олсен, Агустинсон, Гранквист, Линделоф, Лустиг, Клаесон, Јохансон, Ларсон, Форзберг, Берг, Тоивонен.
Клупа: Дурмаз, Гуидети, Хеландер, Хохансон, Телин, Крафт, Норделфет, Олсон, Рохден, Сема, Свесон.