Дома Фудбал Луда ситуација: Најслабата европска репрезентација во светот треба да прими повеќе голови за да има шанси за бараж за СП!

Луда ситуација: Најслабата европска репрезентација во светот треба да прими повеќе голови за да има шанси за бараж за СП!

Фудбалерите на Сан Марино го претрпеа шестиот пораз од почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026. Овој пат, тие беа катастрофално поразени. На гостувањето кај Австрија, примаа дури 10 гола.. Сан Марино е најлошата екипа на квалификациите, единствената селекција без бодови по шест натпревари.

Има уште неколку екипи без бодови (но по помалку натпревари), со значително подобра гол-разлика од Сан Марино, чии мечеви се завршуваат со неверојатна разлика од -27 голови. Оваа мала држава, сместена во срцето на Италија, е последна на листата на ФИФА,. Сепак, тие имаат теоретска шанса за учество на Светското првенство, која магично расте како што се влошува нивната форма.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Да потсетиме, на Европа ѝ се доделени 16 места на Светското првенство. Дванаесет победници од квалификациските групи ќе одат директно, додека останатите четири места ќе се пополнат преку мини-турнири, вклучувајќи по четири репрезентации во секој.

Процесот на обезбедување место во овие дополнителни квалификации вклучува 12 второпласирани тимови и четири екипи според резултатите од Лигата на нации (кои не завршиле први или втори во својата квалификациска група). Според овој критериум, Сан Марино може да добие дополнителна шанса за пласман на Светското првенство.

Сан Марино е прва и во групата Д од Лигата на нации, надминувајќи го Гибралтар и Лихтенштајн со освоени седум бодови. Моментално се во позиција што ќе ги води во плејофот бидејќи победниците од групите А, Б и Ц веќе се на врвот на своите групи во квалификациите.

Имајќи го тоа на ум, за оваа мала европска држава е потребно да се совпаднат резултати во други групи. Клучно е Шведска и Романија да завршат на второто место во своите групи. Интересно е што Романија е во истата квалификациска група како и Сан Марино.

Австрија е доминантна во таа група, додека БиХ и Романија се борат за втората позиција. Со оглед на тоа дека Босна и Херцеговина не беше победник во својата група од Лигата на нации, а Романија беше, најдобро за Сан Марино би било Романија да отиде во плејофот што би го ослободило местото за екипите од Лигата на нации.

По првиот критериум за пласман, по бодовите, следува гол-разликата како фактор, што значи дека во последниот натпревар против Романија, Сан Марино би можел да биде мотивиран да прими што повеќе голови за да ја стави Романија на второ место во групата и така да си осигура место во плејофот за Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неста го избра најдобриот: Ван Дајк е моментално број еден

Александро Неста, еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот, изјави дека мом…