Дома Останати Тенис Ѓоковиќ без загубен сет против Бергс до полуфинале во Шангај

Ѓоковиќ без загубен сет против Бергс до полуфинале во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Шангај, совладувајќи го Зизу Бергс со 2-0 во сетови (6-3, 7-5).

Во првиот сет, Ѓоковиќ уште на самиот почеток го притисна сервисот на ривалот, но до брејк стигна дури во шестиот гем (4-2), што беше доволно за да ја задржи предноста и да го добие сетот со 6-3.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Вториот сет донесе повеќе неизвесност – Ѓоковиќ направи брејк за водство 5-4, но Бергс веднаш возврати и израмни на 5-5. Сепак, Србинот во следниот гем повторно го одзеде сервисот на противникот, а потоа со сигурен сервис го затвори мечот за конечни 7-5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка ја стави главата во кофа со мраз по финалето во Индијан Велс (Видео)

Првата тенисерка на светот Арина Сабаленка успеа по неверојатна борба во три сета и заврше…