Дома Фудбал Нема да мрднат од хотелот, полиција ќе ги следи во чекор – Албанците под строги мерки во Србија!

Нема да мрднат од хотелот, полиција ќе ги следи во чекор – Албанците под строги мерки во Србија!

Противникот на Србија во клучниот квалификационен дуел ќе го напушти хотелот само за тренинзи и натпреварот

Најзначајниот натпревар во групата К од европските квалификации за Светското првенство 2026 – без разлика на англиската селекција – им предстои на двата ривала во Лесковац. Остануваат помалку од три дена до него…

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Репрезентацијата на Албанија утре ќе пристигне во Србија преку аеродромот „Константин Велики“ во Ниш. Според информациите од локалната „Газета тема“, за време на престојот во земјата, тимот под водство на селекторот Силвињо ќе биде подложен на високи безбедносни мерки.

Капитенот Џимшити и неговите соиграчи ќе имаат тренинг во петок на стадионот „Дубочица“, по што ќе се вратат во хотелот и нема да го напуштат до натпреварот кој е закажан за сабота во 20.45 часот.

„Во сабота претпладнето не е предвидено нашиот тим да излезе од хотелот. Попладне ќе се упатат кон стадионот“, соопштиле од таборот на Албанија

Најавено е исто така и големо обезбедување околу хотелот во кој ќе бидат сместени.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перес потврди дека Реал Мадрид бара малцински акционер

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, кажа дека има планови првпат да го отвори …