Дома Фудбал Најконтроверзниот албански навивач испраќа порака до фудбалерите пред натпреварот со Србија: Немојте да бидете дел од тој срам!

Најконтроверзниот албански навивач испраќа порака до фудбалерите пред натпреварот со Србија: Немојте да бидете дел од тој срам!

Еден од најпознатите и најконтроверзните албански навивачи смета дека натпреварот меѓу Србија и Албанија е однапред договорен и ја повикува екипата да не учествува во таа „комедија”.

Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац во сабота, во дуел што многумина го гледаат како одлучувачки за квалификациите за Светското првенство. По мечот во Тирана што заврши без голови, не е сосема јасно што можеме да очекуваме.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Албанија во моментов има еден бод повеќе од Србија, но и натпревар повеќе, па сигурно е дека победникот од овој дуел може да си обезбеди билет за баражот. Најпознатиот и најконтроверзниот албански навивач е убеден дека сценариото е веќе испишано…

Исмаил Мориња, познат како Балист, е албански активист кој стана познат во 2014 година за време на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград, во квалификациите за Европско првенство.

За време на овој дуел, Мориња управуваше беспилотно летало над арената со знамето на „Голема Албанија“, на кое беа прикажани ликови на албански национални херои. Тој инцидент предизвика голема тензија меѓу играчите, прекин на натпреварот и зголемени напнатости меѓу двете држави.

Мориња подоцна стана симбол на националната гордост за некои кругови во Албанија, додека во Србија се гледа како провокатор и дестабилизатор. Имаше правни потешкотии во неколку земји — беше уапсен во Хрватска во 2017 година по потерница од Србија, но не беше екстрадиран бидејќи хрватските власти сметаа дека би бил во опасност во Србија.

Сега, овој контроверзен навивач полемизира само три дена пред натпреварот во Лесковац и испраќа порака до албанските фудбалери.

“На 8 октомври 2015 година, натпреварот меѓу Албанија и Србија беше однапред одреден според директиви на владата, која одлучи каков ќе биде исходот. „Балисти“ тогаш беше „неутрализиран“, наводно за да се одржи редот и мирот, но всушност, тоа беше евтин спектакл на албанските власти.

Сега се одредува уште еден натпревар со Србија, но овој пат не е доволна само една владина одлука. Страв од меѓународната заедница во Тирана и Белград не само што го утврдија резултатот, туку и текот на натпреварот, поради што се загрижени. Тие се потсмеваат со љубителите на спортот од двете земји, претворајќи го овој дуел во куклен театар.

Ги повикувам сите играчи, а особено капитенот на репрезентацијата: не бидете дел од таа лакрдија, таа срамота. Во Тирана одигравте пријателски натпревар, а не вистински фудбалски меч. На вас е, според вашиот ум и совест, да одлучите дали сакате да го сочувате својот интегритет како луѓе, пред се`, и како професионалци — или да ја продадете својата душа на тие куклари. Запомнете: носите дрес што не е обичен. Одлуката е ваша!

Во минатото, некои „подлуѓе“ ме обвинуваа дека ги расипувам меѓудржавните односи и ја мешам политиката во спортот. Денес имам порака за нив: дали преносот е во живо… Знаете и самите!!!”, сподели на социјалните медиуми.

Ќе биде навистина интересно да се следи како ќе се развива ситуацијата пред, за време на и по натпреварот во Лесковац, бидејќи дуелите меѓу Србија и Албанија одамна се сé, само не „нормални“ и спортски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Градоначалникот на Тетово се пофали дека неговиот син ќе игра за Албанија

Фудбалската федерација на Албанија соопшти дека младиот играч на Шкендија, Лавдрим Касами,…