Дома Фудбал Миовски: Натпреварите против Белгија и Казахстан се едни од најважните во историјата на Македонија

Миовски: Натпреварите против Белгија и Казахстан се едни од најважните во историјата на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација во наредниот период ја очекуваат два клучни предизвици во квалификациите за Светското првенство – дуелите со Белгија и Казахстан.

Еден од најистакнатите играчи во офанзивата, напаѓачот Бојан Миовски, нагласи дека токму овие средби се меѓу најзначајните за националниот тим во поновата историја и можат да бидат пресвртница во борбата за пласман на големото натпреварување.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Знаеме против каква репрезентација играме. Веќе сме во последната фаза на квалификациите, а досега покажавме дека знаеме да играме фудбал и затоа се наоѓаме во ваква ситуација. Први сме моментално во групата, имаме гол разлика единаесет – два. Ако некој нè запрашал претходно дали сакаме да се најдеме во ваква ситуација пред квалификациите, нормално дека бевме задоволни, но работата се уште не е завршена. Знаеме дека не само овој, туку и последните два натпревари против Казахстан и против Велс се едни од најважните во поновата репрезентативна историја“, вели Миовски.

„Првиот натпревар е против Белгија, а знаеме против каков противник играме. Свесни сме за нивните силни, но и слаби страни. Имаме доста поддршка од навивачите, знаеме дека ќе бидат во голем број, така што мислам дека ќе гледаат одличен фудбал. Белгија е одлична репрезентација, каде што 90 отсто од играчите играат во топ петте лиги. Но ние играме како тим, го докажавме тоа“, додаде македонскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн гаази, но Компани размислува и на засилувања – има три желби за јануари!

Тимот на Баерн прикажува извонредна форма оваа сезона и во Лигата на шампионите и на домаш…