Дома Фудбал Лоши вести се редат, а за Слот нови главоболки: Ливерпул доби неочекуван удар од Германија

Лоши вести се редат, а за Слот нови главоболки: Ливерпул доби неочекуван удар од Германија

Ливерпул е во лоша серија на резултати, „Црвените“ врзаа два порази во првенството и загубија од Галатасарај во Лигата на шампионите, значи три натпревари со порази по ред.

Арне Слот не се соочил со ваква ситуација откако минатата година пристигна на позицијата тренер на Ливерпул.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Очигледно е дека новите засилувања сè уште треба да се вклопат, а навивачите се чини полека го губат трпението. Лошото не доаѓа само, Ливерпул сега во тоа се увери.

Ова лето, Црвените беа на пат да го доведат дефанзивецот на Кристал Палас, Марк Геи (25).

Геи дури беше тргнат кон Енфилд, но Кристал Палас го прекина трансферот во последен момент, што ги налути сите во Ливерпул.

Веќе се пишува за тоа како Црвените оваа зима повторно ќе тргнат по Геи или дури на лето ќе го доведат како слободен играч бидејќи му истекува договорот со Кристал Палас.

Меѓутоа, Ливерпул би можел да доживее удар од Германија.

Угледниот “Sky Sport” пишува дека и Баерн исто така е заинтересиран за Геи и сакаат тој да биде дел од нивните редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крос за Барселона: Секој може да ги победи во Лигата на шампионите!

Легендарниот германски фудбалер Тони Кроос, кој ја заврши својата кариера по минатогодишно…