Дома Фудбал Крос за Барселона: Секој може да ги победи во Лигата на шампионите!

Крос за Барселона: Секој може да ги победи во Лигата на шампионите!

Легендарниот германски фудбалер Тони Кроос, кој ја заврши својата кариера по минатогодишното Европско првенство, призна дека „неговиот омразен” ривал Барселона игра најатрактивно во Европа, но исто така посочи на неколку недостатоци во екипата на Ханси Флик.

Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид смета дека Барса игра со голема доза на ризик.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“Кога ќе имаат лош ден, Педри, Ламине Јамал или Рафиња, било кој тим може да им се закани и да ги исфрли од Лигата на шампионите”.

Добар пример за таа теза беше натпреварот минатата сезона против Интер.

“Без разлика дали се работи за осминафинале, четвртфинале, полуфинале или финале во Лигата на шампионите, со таква игра многу лесно може да се соочат со тешкотии. Кога станува збор за Ла Лига, не верувам дека ќе имаат проблеми, бидејќи се толку доминантни”, нагласи Кроос.

Да потсетиме, во последните две средби Барселона забележа два порази (Лига на шампиони против ПСЖ и Ла Лига против Севиља).

Како главна причина за тоа се смета многу ризичната игра која ја постави Флик, со одбрана која играше високо, речиси 40 метри од сопствениот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Душан Влаховиќ на праг на најголемиот трансфер во кариерата – еве ги деталите!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ се најде во фокусот на јавноста откако „Билд“ објави дека …