
УЕФА денес и официјално одобри на Ла Лига и Серија А да организираат два натпревара од оваа сезона надвор од Европа!
Како што беше најавено уште летото, европските клубови би можеле да добијат соодветни средства во замена за тоа некои натпревари да ги играат надвор од својата земја, иако практично го губат домаќинство.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тоа ќе биде случајот со Виљареал, кој во декември треба да ја пречека Барселона во – Мајами!
Од друга страна, УЕФА одобри и Серија А да организира натпревар Комо – Милан во февруари во Перт, во Австралија.
УЕФА во своето официјално соопштение ја образложи оваа одлука, и покрај многубројните несогласувања од страна на многу клубови и навивачки групи низ Европа, наведувајќи дека поради отсуството на јасни правила од страна на ФИФА, не може формално да го спречи играњето на овие натпревари.
УЕФА се „огради“, иако ги прифати барањата само за овие два натпревара, што дипломатски го објасни Александaр Чеферин.