Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Условите во Шангај се брутални

Ѓоковиќ: Условите во Шангај се брутални

Новак Ѓоковиќ, четирикратен шампион на Мастерсот во Шангај, во неделата ја забележа 41-та победа во кариерата на турнирот во Кина, но тоа не му беше ни малку лесно.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Два часа и 42 минути борба со инспирираниот Германец Јаник Ханфман, изгубен почетен сет и потоа одличен пресврт, но сето тоа беше многу поголем предизвик поради тешките услови за игра.

Многу тенисери се жалат на ужасно големата влажност во Шангај, па логично е што тоа му смета и на Новак. Камерите забележаа дека за време на една од паузите меѓу гемовите, мораше и да врати, па по мечот откри колку му било тешко.

Го кажував тоа и претходно, исто е за секој играч кој излегува на терен. Брутално е кога имате влажност на воздухот од 80 проценти ден по ден. За момците, особено кога е многу топло, уште е побрутално. Такво е како што е, едноставно, мора да се справите со тоа. За мене, биолошки е уште поголем предизвик да се справам со тоа“, признава Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова никогаш не му се случило на Новак: Синер и Алкараз се повлекуваат, а Зверев веднаш се „распадна“

Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер на сите времиња, токму затоа што никогаш не ги „прескокну…