
Новак Ѓоковиќ со голем напор го совлада Јаник Ханфман и се пласираше во четвртото коло на Мастерсот во Шангај, а сега е познато кога повторно ќе излезе на терен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најдобриот тенисер на сите времиња ќе има за противник Џајме Мунар, шпански играч кој многу трча и не игра многу убав тенис, но е голем „работник“. За Новак ова ќе биде уште еден предизвикувачки меч и поради временските (не)услови во Шангај. Влажноста на воздухот е голема, па Мунар е потенцијално многу непријатен противник.
Ѓоковиќ ќе игра со Мунар во вторник од 12:30, значи, во исто време како и дуелот со Ханфман.