Дома Фудбал Останато Дарио Ивановски победник на Скопскиот маратон

Дарио Ивановски победник на Скопскиот маратон

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски е победник на Скопскиот атлетски маратон. Тој во драматичен финиш, во последните два километри од трката го помина фаворизираниот Кениец Џулиос Кипкоеч и целта ја мина за време од 2 часа 14 минути и 50 секунди.

Ивановски маратонската делница ја помина за 2:14:50 часа. На победничкиот подиум во машката конкуренција им се придружи и Давити Харазвишили од Грузија, кој заврши на третата позиција.

Во женска конкуренција втора година по ред победи Кенијката Ирине Черуто со резултат од 2 часа, 38 минути и 31 секунда. Втора на целта пристигна Бугарката Маринела Нинева (2.45.36 часа), резултат кој и ја донесе и балаканската титула, додека третото место и припадна на Ана Јусупова од Азербејџан со време од 2:36:13 часа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роберто Солдиќ со победа на дебито во UFC!

Роберто Солдиќ го оствари својот прв триумф во UFC, победувајќи го Хаос Вилијамс на спекта…