Дома Фудбал Јамал на мета на шпанските медиуми: Мора да направи исчекор ако ja сака Златна топка следната година.

Јамал на мета на шпанските медиуми: Мора да направи исчекор ако ja сака Златна топка следната година.

Најпознатите шпански медиуми жестоко го критикуваа младиот Ламин Јамал по поразот на Барселона од Пари Сен-Жермен во второто коло на Лигата на шампионите.

Иако штотуку наполни 18 години и веќе се смета за еден од најдобрите фудбалери на каталонскиот тим, шпанската јавност не покажа многу разбирање за неговото издание против актуелниот европски првак.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Радио Марка истакнува дека Јамал “сè уште не треба да се смета за ѕвезда”, а весникот АС беше уште построг во својата анализа:

“Без разлика на неспорниот талент, јасно е дека му недостасува многу во играта. По фантастичното прво полувреме, каде што дистрибуираше топки и асистенции, целосно исчезна во вториот дел. Доколку навистина сака да ја освои Златната топка следната година, мора да направи голем исчекор во континуитетот на својата игра,” пишува АС.

Мундо Депортиво беше поблаг во оцените, но истакна дека Јамал мора да изнајде начин да одржува исто ниво на игра во текот на целиот натпревар.

За потсетување, Јамал во првите пет натпревари оваа сезона постигна два гола и забележа четири асистенции, што покажува дека талентот не е спорен, но се очекува далеку повеќе од него кога се во прашање најголемите предизвици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е моментот кога Црвена звезда можеше да го нокаутира Порто (Видео)

Црвена звезда доживеа тежок пораз во четвртокот вечер од Порто, бидејќи до 89-та минута им…