Дома Останати Тенис Неверојатни сцени: Кинезите полудеа по Ѓоковиќ, развеаа и српски знамиња! (Видео)

Неверојатни сцени: Кинезите полудеа по Ѓоковиќ, развеаа и српски знамиња! (Видео)

Новак Ѓоковиќ е несомнено најголемата ѕвезда на мастерсот во Шангај, а тоа совршено јасно се покажа и за време на тренингот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кога Ѓоковиќ излезе на тренинг, целиот стадион започна да скандира „Ноле, Ноле“.

Тој момент сам по себе е спектакуларен, но камерата фати и група Кинези кои гордо ги покажуваа српските знамиња и ги креваа три прста во чест на рекордерот на турнирот во Шангај, со четири освоени титули.

Тоа го насмеа Ѓоковиќ, гледајќи како Кинезите буквално трчаат по него штом се појави на теренот.

Неговиот прв натпревар е закажан за петок, не пред 12:30 часот, против Марин Чилиќ, откако беше слободен во првото коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе го испише најголемото поглавје во с…