Дома Фудбал Најубавата фудбалска приказна: Рибарско сеело со 813 жители ќе слави шампионска титула!

Најубавата фудбалска приказна: Рибарско сеело со 813 жители ќе слави шампионска титула!

Најубавата фудбалска приказна во Европа: Рибарско село со 813 жители наскоро ќе ја прослави титулата првак

Во блиското минато, светот на фудбалот беше сведок на сензацијата која ја направи Лестер како првак на Англија, но ситуацијата што доаѓа од Шведска е нешто што тешко може да се спореди со било што познато до сега.

Помеѓу сите престижни и моќни клубови кои се навикнати на трофеи, титулата ќе ја освои малечкиот Мјалби. Овој клуб потекнува од рибарското село со само 813 жители.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Остануваат уште шест кола до крајот на шведската лига „Алсвенскан“, а Мјалби има предност од огромни 11 поени пред второпласираниот Хамарби. Чини се дека само прашање на време е кога жителите на ова село ќе ја прослават својата прва титула првак на Шведска во историјата на клубот.

Овој клуб е сместен во рибарското село Халлевик на бреговите на Балтичкото Море, каде населението брои само 813 жители. Покрај стадионот има и простор за камп приколки, бидејќи многу туристи и навивачи сакаат да ги посетат бреговите на Балтичкото Море и да ја комбинираат посетата на природата со посета на стадионот.

Интересно е што Мјалби е внесен во Гинисовата книга на рекорди како тимот од најмалото место кој настапува во националната прва лига. Ова значи дека освојувањето на титулата би било огромен успех и прашање на денови е кога ќе биде официјализирано.

Во далечната 1953 година, во селото е изграден стадионот „Страндвален“, каде Мјалби ги игра своите натпревари. Неговиот капацитет е 6.750 гледачи, а трибините се полни до последното место.

Годишниот буџет на овој клуб е само 7,7 милиони евра, што е, за споредба, само една осмина од годишните трошоци на великиот Малме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечно кажа „да“: Зинедин Зидан на клупата на најдобриот тим во светот

Зинедин Зидан ќе стане новиот селектор на Франција по Светското првенство во 2026 година! …