
Игор Тудор и неговиот Јувентус беа на чекор до првата победа во новата сезона на Лигата на шампионите, но никој не можеше да ја предвиди драмата која се одвиваше на крајот. Виљареал на домашен терен поведе со 1:0 благодарение на голот на Жорж Микаутадзе во 18-та минута, а овој резултат остана до крајот на првото полувреме.
Јувентус брзо ги промени картите на масата во првите десет минути од вториот дел, со извонредни голови од Федерико Гати и Франсиско Консеисао за 1:2. Тимот од Торино имаше водство се до самиот крај, но тогаш во 90-та минута Ренато Веига израмни и запечати конечни 2:2.
Тудор: Ова е дел од играта
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
“Штета, но ова е дел од играта. Не смеете да останете без победа во последните секунди поради таков корнер. Го прифаќаме овој бод и одиме напред”, рече Тудор и одговори на прашањето што им рекол на играчите за време на паузата:
“Замолив момците да останат позитивни. Чико (Консеисао) влезе и направи разлика. Ги искористивме нашите можности, и покрај неколкуте грешки, што е разбирливо. Штета што беше во последните секунди.”
“Кога ќе примиш гол во последната минута, секогаш има разочарување. Но ние вредно работиме и продолжуваме понатаму. Тимот е тука. Би било одлично да играме 90 минути на високо ниво, но тоа не е лесно. И ние имаме свои слабости.”