Дома Фудбал Валверде од Реал Мадрид со специјално обраќање

Валверде од Реал Мадрид со специјално обраќање

Федерико Валверде излезе со специјално обраќање со кое ги демантира гласините дека одбил да игра како десен бек за неговиот Реал Мадрид. Во последниот натпревар против Кајрат од Лигата на шампионите, Уругваецот беше запишан како резерва, во текот на натпреварот отиде да се загрева, но сепак не влезе во игра.

Пред неколку дена изјави дека во принцип не е роден да биде десен одбранбен играч, но секогаш е подготвен да игра на таа позиција кога тренерот ќе побара.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Еве што напиша Валверде на темата:

„Прочитав неколку статии кои ја рушат мојата репутација. Знам дека имав слаби натпревари, свесен сум за тоа. Не се кријам и ги прифаќам критиките директно. Навистина сум тажен.

Луѓето можат да кажат многу нешта за мене, но под никакви околности не можат да кажат дека одбивам да играм. Се дадов се и уште повеќе за овој клуб, играв со скршеници, повреди и никогаш не се пожалив или побарав одмор.

Имам добри односи со тренерот, што ми дава доволно самодоверба да му кажувам која позиција ја претпочитам на теренот, но секогаш, апсолутно секогаш сум кажал дека сум подготвен да играм секаде – на секое патување и во секој натпревар.

Го оставив срцето и душата во овој клуб и ќе продолжам да го правам тоа иако понекогаш тоа не е доволно или не играм така како што би сакал.

Се колнам во мојата гордост дека никогаш нема да се предадам и ќе се борам до крај, играјќи таму каде што ми е потребно.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Водителката на Лигата на шампионите ги излуди фановите. Купуваат нејзини 18+ слики, а таа не постои

АТРАКТИВНАТА „водителка“ на Лигата на шампионите, Ејсан Аксој, за кратко време стекна огро…