Дома Фудбал Дали ова е најлошо изведената пененка во историјата? (Видео)

Дали ова е најлошо изведената пененка во историјата? (Видео)

Синоќа Коринтијанс беше поразен на домашен терен од Фламенго со 1:2 во 25-то коло на бразилската лига. Еден од фудбалерите кои го одбележаа натпреварот на негативен начин беше Јури Алберто со својата неуспешна изведба на пенал. Во врвниот дерби меч, Коринтијанс не успеа да извлече ниту бод против големиот противник. Иако домашниот тим поведе на почетокот на второто полувреме, Фламенго го сврте резултатот и со тоа стигна до победа.

Првиот гол падна во 47. минута, кога Јури Алберто постигна погодок за 1:0, што предизвика големо славје кај навивачите на Коринтијанс. Но, само осум минути подоцна, Фламенго изедначи. Џорџиан Де Араскаета постигна гол за 1:1 по асистенција на Каскал. Гостите успеaa да направат целосен пресврт на самиот крај од натпреварот. Џорџ Каскал ја запиша својата втора асистенција, а стрелец на решавачкиот гол беше Луиз Араужо.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Иако Алберто беше единствениот стрелец за Коринтијанс, тој се најде во центарот на вниманието поради неговата неуспешна изведба од самиот почеток на натпреварот. Во 14. минута, одлучи да изведе пенал паненка, но ударот беше толку слаб што топката полека стигна до голманот на Фламенго, кој без тешкотии ја фати. Погледнете како изгледаше тоа во приложеното видео.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aрда Туран повторно сретна со атрактивната украинска новинарка, не знаеше каде да гледа (Видео)

Интервјуто на атрактивната новинарка Дарија Бондар Савина со тренерот на Шахтјор, Арда Тур…