Дома Останати Тенис Ждрепка за Шангај: Ѓоковиќ се падна во делот на Синер

Ждрепка за Шангај: Ѓоковиќ се падна во делот на Синер

Порано на ждрепките за големите турнири беше важно кој ќе биде во половината со Новак Ѓоковиќ, а сега е важно дали најдобриот тенисер на сите времиња ќе биде во половината со Карлос Алкарас или Јаник Синер.

Ждрепката за Шангајскиот мастерс, првиот турнир надвор од грен слемовите на кој ќе игра Ноле, одреди дека потенцијален противник на српскиот ас во полуфиналето ќе биде Италијанецот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Секако, имајќи предвид дека Ѓоковиќ не го совладал Синер веќе речиси две години и дека загуби од него последните пет меча, тоа не е баш добра вест, но Ѓоковиќ и порано успел да најде пат до победа кога ситуацијата не му погодила, па зошто да не биде така и сега. Минатата година Јаник го победи Новак во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сè е подготвено за спектаклот во Мелбурн: Познат терминот за мечот Ѓоковиќ и Синер

Во петок од 9.30 часот по српско време на “Род Лејвер арена” ќе излезат најдоб…