Дома Фудбал Барди заработи два жолти картони во пет минути во триумфот на Коњаспор

Барди заработи два жолти картони во пет минути во триумфот на Коњаспор

Коњаспор со резултат 2-1 го совлада Башакшехир, а натпреварот ќе остане во лошо сеќавање за македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој доби црвен картон поради два жолти.

Барди прво беше опоменат во 60. минута, а само пет минути подоцна повторно доби жолт картон, по што беше испратен во соблекувалната. Иако домаќините останаа со играч помалку уште половина час, вклучувајќи го и судиското продолжение, успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до триумф.

Со оваа победа Коњаспор собра 10 бодови од шест кола и се наоѓа на седмата позиција, при што има одиграно и еден натпревар помалку од дел од конкурентите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп и Јовановиќ во вербален дуел, но со почит на крајот

Германија и Грција одиграа без голови во Лигата на нации, а Клоп и Јовановиќ имаа интересе…