Дома Останати Тенис Ѓоковиќ одржа говор што ќе се памети во Хрватска: Додека сме живи, ние ќе…

Ѓоковиќ одржа говор што ќе се памети во Хрватска: Додека сме живи, ние ќе…

Легендарниот Никола Пилиќ беше погребан во саботата на гробиштата во Опатија, а на последната проштална церемонија присуствуваа само најблиските пријатели и тенисерите кои ги ‘создаде’ низ годините. Меѓу нив беше и Новак Ѓоковиќ, кој одржа проштален говор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Големиот од светскиот тенис Никола Пилиќ почина пред неколку дена во 87-та година од животот.

Познатиот тренер остави неизбришлив траг во светот на тенисот. На неговата академија созреваа многу врвни играчи, а најголемото име е секако Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер е еден од ретките кој имаше можност да се збогува со Пилиќ. Тој одржа и говор што ќе се памети.

„Ние во суштина сме негови ученици, негови следбеници, неговото наследство. Тој ќе живее – вечно. Додека сме живи, ќе го славиме неговото име и сè што направи за тенисот – хрватскиот, нашиот во Србија, европскиот, светскиот…”

„Ти благодарам, Нико и во здравје”, порача Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова никогаш не му се случило на Новак: Синер и Алкараз се повлекуваат, а Зверев веднаш се „распадна“

Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер на сите времиња, токму затоа што никогаш не ги „прескокну…