Дома Фудбал Останато Бугарија слави историски успех: Ќе игра финале на Светско првенство во одбојка!

Бугарија слави историски успех: Ќе игра финале на Светско првенство во одбојка!

Репрезентацијата на Бугарија ја совлада Чешка во полуфиналето на Светското првенство на Филипини, а за ова постигнување им беа потребни четири сета – 25:20, 23:25, 25:21, 25:22.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова е прво финале на Светското првенство за Бугарија по сребрениот медал што го освоија на домашното поле во 1970 година. Тогаш шампион стана Источна Германија, а сега Бугарите чекаат исход од второто полуфинале помеѓу Полска и Италија.

Бугарија сè уште не го освоила најсјајното одличје на големите натпреварувања. Освоила сребрени медали на Светските и Европските првенства и четири бронзени, како и финале на Олимпијадата 1980 во Москва.

Победничкиот тим го предводеше 21-годишниот Александар Николов. Бугарскиот коректор го заврши натпреварот со 31 поен – 27 од напад, еден блок и три од сервис.

Неговиот помлад брат, Симеон Николов, кој наскоро го полни 19-от роденден, беше задолжен за организација во офанзивниот дел и собра девет поени – пет од напад, два од блок и два аса.

Од останатите играчи на италијанскиот тренер Ѓанлоренцо Бленџини се истакнаа Алекс Грозданов со 12 поени, Аспарух Аспарухов со 10, Мартин Атанасов со осум и Илија Петков со пет поени. Од другата страна, најдобрите беа Лукаш Вашина со 17, Јан Галабов со 13 и Патрик Индра со 10 поени.

Натпреварот од второто полуфинале меѓу Полска и Италија започнува во 12.30 по средноевропско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џејк Пол започнува голем напад на УФЦ

Џејк Пол долги години отворено го критикува боречкиот естаблишмент. Со години го прозива Д…