
Младиот фудбалер на Ливерпул, Џовани Леони, ќе паузира околу една година поради пукање на предните вкрстени лигаменти на левата нога, потврди денес тренерот на Ливерпул, Арне Слот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Осумнаесетгодишниот италијански дефанзивец, кој летово пристигна од Парма, дебитираше во дресот на Ливерпул во победата против Саутхамптон во Лига купот, но го напушти теренот во 81. минута по незгоден скок во еден дуел.
„Не е во добра состојба, бидејќи скрши лигаменти и ќе паузира околу една година. Многу е тешко да се најде позитивна страна во ваква ситуација, но имајќи предвид дека е млад, има многу години пред него по закрепнувањето од ваква тешка повреда“, изјави Слот.
Слот нагласи дека Ливерпул до јануарскиот преоден рок останува со само тројца стандарден стопери, Вирџил ван Дајк, Ибрахима Конате и Џо Гомез.