Дома Фудбал Слот ја потврди ужасната вест за новото засилување: Тешко му е, ќе паузира една година!

Слот ја потврди ужасната вест за новото засилување: Тешко му е, ќе паузира една година!

Арне Слот потврди денеска дека Џовани Леони ќе има пауза од приближно една година. Стратегот на Ливерпул исто така соопшти дека се разгледува можноста да се регистрира друг играч за Лига на шампионите.

Осумнаесетгодишниот дефанзивец на Ливерпул, Италијанецот Џовани Леони ги скинаа лигаментите на своето деби за новиот клуб, што значи дека го очекува пауза од речиси една година.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Секако дека не е во најдобро расположение, го скина предниот вкрстен лигамент и нема да може да игра околу година дена. Тој е многу млад, дојде во непозната земја и на својот прв натпревар играше одлично, но сега навистина му е тешко да извлече било каква позитивна страна“, истакна Слот за медиумите.

„Во вакви ситуации многу ретко има нешто позитивно, но човек бара нешто за кое ќе се држи. Во неговиот случај е тоа што е многу млад и пред него се години и години фудбал по оваа страшна повреда“, додаде тој.

Тренерот на Ливерпул исто така потврди дека клубот размислува да го замени Леони на листата играчи за Лига на шампиони, а прва опција е Федерико Киеза. УЕФА воведе правило оваа сезона кое дозволува клуб да замени еден играч до шестото коло, во случај на повреда која би довела до долгорочна пауза на некој од играчите на листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола изненади и го спореди Вокер со најголемите во историјата!

Менaџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, упати големи пофалби за својот поранешен играч…