Дома Фудбал Реал не најде начин да се ослободи од еден од најголемите проблеми – има преголема плата, а е „вишок“!

Реал не најде начин да се ослободи од еден од најголемите проблеми – има преголема плата, а е „вишок“!

Во Реал Мадрид сметаат дека платата од 25 милиони евра бруто, што ја прима Давид Алаба (33), е преголема во однос на неговата моментална улога во тимот. Австриецот, кој нето заработува 12,5 милиони евра, сега е обично резерва, која ретко добива прилика за игра, а неговиот договор, потпишан по доаѓањето од Баерн без оштета, сега се смета за застарен според неговиот придонес на теренот, пренесува Defensa Central.

Управата на мадридскиот клуб уште минатото лето се обиде да најде решение и да го раскине договорот со австрискиот фудбалер. Му понудија половина од платата и статус на слободен играч, но Алаба го одби тоа. Претпочиташе да остане цела сезона, да ја добие полната сума и да се бори за нова шанса во клубот. Се надеваше дека тренерот Чаби Алонсо ќе му пружи нови минути, со кого делеше соблекувална во Баерн.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Сепак, сега не постои можност Давид Алаба да остане во клубот уште една сезона. Иако тоа беше неговата желба, во Реал не се подготвени да го задржат во тимот. Трансферот не се исплатил како што се очекувало. Неговата прва сезона беше многу добра, но потоа следуваше пад на формата, кој достигна врв со тешката повреда на коленото.

Новинарот Родра ги потврди овие информации со објава на социјалните мрежи: “Планот на Реал Мадрид е Давид Алаба да си замине следната година. Ова е неговата последна сезона во клубот.”

И покрај сè, во Реал се убедени дека правилно постапиле кога го ангажирале како слободен играч. Никој не можеше да ја предвиди тешката повреда на коленото и компликациите кои следеа, затоа не жалат за овој потег. Високата плата е резултат на бонусот за потпис што е распределен на годините од неговиот договор.

До заминувањето останува помалку од година дена, а се очекува Алаба со своето искуство и лидерски вештини да помага на тренинзите. Сепак, на теренот, Чаби Алонсо веројатно ќе го користи само во итни ситуации, кога нема да има други алтернативи.

Алаба ја започна професионалната кариера како лев бек и централен играч за врска во Хофенхајм и Баерн, на кој му се приклучи во 2018 година како јуниор кој дојде од австрискиот клуб од Виена за 150 илјади евра. Во баварскиот клуб оствари 431 настап, постигна 33 гола и 55 асистенции, и освои 27 трофеи.

Во Реал е од 2021 година, има одиграно 118 натпревари со пет гола и девет асистенции и освоено десет трофеи. Договорот му важи до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед мисли на иднината – ќе ангажира 16-годишен голман!

Голманите кои минуваат низ младинската школа на Манчестер Јунајтед ретко добиваат шанса да…