Дома Фудбал Се е подготвено за еден од најважните потпис во Арсенал!

Се е подготвено за еден од најважните потпис во Арсенал!

Фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба, се согласи да го продолжи својот договор со англискиот клуб до 2030 година.

Салиба (24) сè уште има две години до истекот на неговиот тековен договор со Арсенал, но во наредните денови ќе го обнови договорот со лондонскиот тим до 2030 година, соопшти Би-Би-Си (BBC).

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Францускиот дефанзивец се приклучи на Арсенал во 2019 година од Сент Етјен, по што се врати на позајмица во истиот клуб.

Салиба потоа беше на позајмици и во Ница и Марсеј, а во август 2022 година го направи својот дебитантски настап за првиот тим на Арсенал, досега имајќи одиграно 139 натпревари.

Избран е во идеалниот тим на Премиер лигата во секоја од последните три сезони, а за неговите услуги беше заинтересиран и Реал Мадрид.

Со француската репрезентација, за која има 28 настапи, го освои сребрениот медал на Светското првенство во Катар.

Салиба стана вториот централниот бек на Арсенал што оваа година го продолжи својот договор, откако неговиот партнер во центарот на одбраната, Габриел Магалаеш, го обнови договорот со англискиот клуб до 2029 година во јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса со пресврт го победи Овиедо

Во натпревар од 6. коло на шпанската Ла Лига, Реал Овиедо ја пречека Барселона, која тешко…