Дома Фудбал Шкупи во нов проблем: Суспендиран стадионот во Чаир – клубот предаден на Дисциплинска комисија!

Шкупи во нов проблем: Суспендиран стадионот во Чаир – клубот предаден на Дисциплинска комисија!

Фудбалската федерација на Македонија денеска информираше дека го суспендира стадионот на Шкупи поради дивеењето на навивачите во натпреварот против Македонија Ѓорче Петров.

Во дуелот со „лавовите“ навивачите на Шкупи сериозно ја оштетиле опремата на МТВ со која се вршел преносот, но исто така и запалија знаме на противничката навивачка групи.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Клубот од Чаир е предаден и на Дисциплинска комисија која ќе одлучува за санкциите.

„Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за суспензија на стадионот во Чаир на неодредено време, сè до носење на конечна одлука на Дисциплинската комисија.

Истовремено, против ФК Шкупи 1927 е покрената дисциплинска постапка и предметот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ.

Причина за одлуката се сериозните инциденти на натпреварот од 7. коло во Прва МФЛ, меѓу ФК Шкупи и ФК Македонија ЃП, кога дел од домашната навивачка група запалија и фрлија факели на теренот и во делот каде беше сместена ТВ продукцијата на натпреварот, при што беше предизвикано сериозно оштетување на дел од опремата на Македонската телевизија (МТВ), која го реализираше директниот пренос.

И покрај реакциите на службите на ФФМ и делегатот на натпреварот до официјалните лица на ФК Шкупи за време на мечот, не беа преземени никакви мерки за спречување на дополнителна штета.
Македонската телевизија со официјален допис ја извести ФФМ дека штетата треба да биде надоместена и дека на стадионот во Чаир нема услови за непречено и професионално вршење на ТВ преноси, поради што нема да врши директни преноси од овој стадион сè додека не се создадат безбедни услови за работа.

Дополнително, дел од домашните навивачи запалија банер на гостинската навивачка група „Лавови“.

ФФМ уште еднаш апелира до сите клубови да преземат максимална одговорност и мерки за обезбедување ред и соодветни услови за работа, со цел создавање безбедна и спортска атмосфера на сите стадиони во земјата“, соопшти ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА планира нова лудост, навивачите бесни!

Изгледа дека ФИФА планира сериозни промени на светското првенство по барањата од некои зем…