Дома Фудбал Слот за црвениот картон на Екитике: Тоа беше навистина глупав потег

Слот за црвениот картон на Екитике: Тоа беше навистина глупав потег

Фудбалерите на Ливерпул ги победија на домашен терен второлигашите Саутемптон со резултат 2:1 во дуел од третото коло на англискиот Лига куп. До 43. минута немаше голови на „Енфилд“, а тогаш со 1:0 за домаќините погоди Александер Исак, Швеѓанец кој ова лето дојде во Ливерпул. Тоа беше неговиот прв гол за новиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во 76. минута гостите изедначија со голот на Чарлс, но не дојдоа до изненадување. Во 85. минута напаѓачот на Ливерпул Уго Екитике постигна за 2:1, но веднаш заработи втор жолт картон поради симнување на дресот, што домаќините до крајот среќно не го платија скапо.

„Тоа не е глупаво само затоа што беше втор жолт, глупаво е дури и да немаше жолт картон претходно. Можеби сум старомоден, но сум постигнувал голови. Не на ова ниво, но постигнував. Да поминев покрај тројца играчи и дадев гол во самиот агол, тогаш можеби ќе можев да кажам дека сè сам направив”, рече Слот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан е минато: Леао ќе бира меѓу два премиерлигаши!?

Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со сво…