Дома Останати Тенис Борг: Ѓоковиќ е најдобар во историјата, Федерер и Надал го делат второто место

Борг: Ѓоковиќ е најдобар во историјата, Федерер и Надал го делат второто место

Да играше колку другите најголеми асови, Бјорн Борг можеби денес ќе беше најголемиот шампион на сите времиња. Но не играше, а тоа не го спречува искрено да каже кој за него е најдобар во историјата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


– Новак Ѓоковиќ е најголемиот што некогаш играл оваа игра – рече во интервју за „Скај ТВ“ – Роџер Федерер и Рафаел Надал го делат второто место. Неверојатно е како Ѓоковиќ игра на 38 години. Многу сум импресиониран.

Борг последните денови дава многу интервјуа затоа што е во тек кампањата за промоција на неговата автобиографија.

Швеѓанецот знае кој е најголемата цел на Новак до крајот на кариерата.

– Знам дека сака да го освои 25-тиот гренд-слем, но ќе му биде многу тешко со Карлос Алкарас, Јаник Синер и останатите од врвот. Сепак, мислам дека може да успее. Се надевам дека ќе може да игра барем уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…