Дома Останати Кошарка Вујошевиќ: Српските кошаркари сакаа да се откажат од ЕП поради Вучиќ

Вујошевиќ: Српските кошаркари сакаа да се откажат од ЕП поради Вучиќ

Познатиот српски кошаркарски стратег Душко Вујошевиќ откри дека зад сцената на Европското првенство, кое неодамна се одржа, владеела вистинска драма во националниот тим.

Репрезентацијата на Србија не успеа да ги оправда очекувањата, бидејќи застанa во осминафиналната фаза, иако многумина ја посочуваа како еден од главните претенденти за највисоките одличја.

Според Вујошевиќ, причините за слабиот резултат не се само спортски, туку длабоко поврзани со политичките и општествените случувања во земјата во изминатиот период.

„Колку што знам јас, Пешиќ разговарал со Вучиќ бидејќи постоела дилема дали репрезентацијата да се откаже од натпреварувањето и да се врати дома“, вели тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…