Дома Фудбал Работна акција во Кичево: Се враќа сјајот на Напредок! (Фото)

Работна акција во Кичево: Се враќа сјајот на Напредок! (Фото)

Фудбалскиот клуб „Напредок“, кој во минатото беше редовен учесник во најсилната Прва лига и гордост на кичевскиот спорт, полека ја враќа својата сјајна приказна. Денес клубот настапува во Третата лига, но благодарение на новото раководство започна вистинска обнова на стадионот и на спортскиот дух во градот.

Со години „Градскиот стадион“ во Кичево изгледаше како запуштена урнатина – со трибини обраснати со трње и капини, симбол на едно минато време кога клубот создаваше врвни фудбалери и беше гордост на регионот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Новата управа, со сопствена иницијатива и ентузијазам, успеа да ја смени сликата. Организирани беа работни акции за чистење на насобраниот смет, трибините се бојадаисувааа во препознатливите сино-бели бои, а стадионот повторно почнува да „дише“ со спортски дух.

„Ова не е само реконструкција на еден стадион, ова е обнова на кичевската гордост и верба во иднината на нашата младина“, порачуваат од клубот.

Од управата апелираат сите кичевчани да застанат зад „Напредок“ – преку присуство на натпреварите, купување билети и поддршка од трибините, за младите фудбалери да растат со сон и гордост да ја носат сино-белата боја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Враќање во Англија? Откриени детали од договорот на Хари Кејн

На Хари Кејн му остануваат уште речиси две години од договорот со Баерн Минхен, каде што т…