Дома Останати Тенис Конорс: Потребен ни е наследник на Ѓоковиќ!

Конорс: Потребен ни е наследник на Ѓоковиќ!

Еден од легендарните тенисери Џими Конорс нагласи дека е потребен наследник на Новак Ѓоковиќ.

Конорс вели дека ситуацијата во светскиот врв е алармантна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Интересно е колку двајца момчиња се на различно ниво од останатите. Карлос Алкарас и Јаник Синер толку одскокнаа што ако никој нов не се појави, следните години постојано ќе гледаме исти финалиња. Алкарас – Синер, Алкарас – Синер, Алкарас – Синер. Практично како што беше во последните осум”, изјави Конорс за „Спортскирада”.

Последните три Грен слем финалиња ги играа Алкарас и Синер.

„Младите момчиња ќе мора да го подигнат нивото, а тоа го кажувам со максимална почит. Инаку постојано ќе гледаме исто.”

Конорс се присети на ситуацијата кога Ѓоковиќ се појави на тениската сцена.

„Тогаш Роджер Федерер и Рафаел Надал доминираа и одеднаш се појавија прво Новак Ѓоковиќ, па Енди Мареј. Тогаш ситуацијата стана многу поинтересна. Истото важи и сега, на Алкарас и Синер им е потребен уште некој. Ѓоковиќ е уште тука, исто како и во времето на Федерер и Надал, но потребен е некој помлад.”

Генерацискиот јаз меѓу „големата тројка” и Алкарас и Синер.

„Зверев и Циципас, на пример, мора да побрзаат. Ним времето брзо им истекува. Го имаа големата тројка пред себе, сега ги имаат Алкарас и Синер зад себе и нивната можност да освојат грен слем бргу се затвора.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сè е подготвено за спектаклот во Мелбурн: Познат терминот за мечот Ѓоковиќ и Синер

Во петок од 9.30 часот по српско време на “Род Лејвер арена” ќе излезат најдоб…