
Усман Дембеле е и официјално најдобриот фудбалер за 2025 година.
Откако неговите колеги од Пари Сен Жермен ги освоија престижните награди, Луис Енрике и Џанлуиџи Донарума, Дембеле го победи Ламин Јамал, кој заврши на второто место.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Третата позиција во изборот ја држи Витиња, четврти е Мо Салах, а капитенот на Барселона, Рафиња, е петти на листата.
Шести на листата е Килијан Мбапе, потоа следуваат Кол Палмер, а продолжуваат и Џиџио Донарума, Нуно Мендеш и други.
Посебна полемика на социјалните мрежи предизвика рангирањето на Педри, кој е на единаесеттата позиција, осум места зад Витиња, како и позицијата на Хари Кејн, кој е тринаесетти.
Винисиус Жуниор ја зазема 16-та позиција, додека Ерлинг Халанд е на 26-та. Еве ги конечните резултати од 30-то до 11-то место:
11. Педри, Барселона
12. Хвича Кварацхелија, ПСЖ
13. Хари Кејн, Баерн Минхен
14. Дезире Дуе, ПСЖ
15. Виктор Ѓокереш, Арсенал
16. Винисиус Жуниор, Реал Мадрид
17. Роберт Левандовски, Барселона
18. Скот МекТоминеи, Наполи
19. Жоао Невеш, ПСЖ
20. Лаутаро Мартинез, Интер
21. Серу Гераси, Борусија Дортмунд
22. Алексис МакАлистер, Ливерпул
23. Џуд Белингем, Реал Мадрид
24. Фабијан Руиз, ПСЖ
25. Денцел Дамфриз, Интер
26. Ерлинг Халанд, Манчестер Сити
27. Деклан Рајс, Арсенал
28. Вирџил ван Дајк, Ливерпул
29. Флоријан Вирц, Ливерпул
30. Мајкл Олисе, Бајерн Минхен