Дома Фудбал Италија И пласман на Мундијалот во Русија не е гаранција: Италија останува без селектор?!

И пласман на Мундијалот во Русија не е гаранција: Италија останува без селектор?!

Фудбалската репрезентација на Италија се наоѓа во сериозни проблеми.

„Аѕурите“ во првиот меч од баражот беа поразени од Шведска со 1:0 во Стокхолм и во понеделник на „Сан Сиро“ ќе бара победа од два гола позитива за да изборат место на Мундијалот следната година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сите информации меѓутоа говорат, дека натпреварот во Милан ќе биде последен за селекторот Џампиеро Вентура, кој најверојатно ќе заработи отказ, дури и ако успее да ја однесе Италија на СП.

Италијанската јавност е незадоволна од начинот на кој Вентура ја предводи репрезентацијата, и повеќето сметаат дека „Аѕурите“ треба да ги преземе подобар тренер, какви Италија ги има „за извоз“.

Според тоа, ако на Вентура му се избројани деновите, на клупата на оваа селекција би требало да дојде ново големо тренерско име, а најмногу се споменуваат Антонио Конте и Карло Анчелоти. Меѓу кандидатите е и Биаџо, но нему му се даваат најмалку шанси за именување.

Мечот помеѓу Италија и Шведска се игра утре со почеток во 20:45

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…